Натпреварот помеѓу Чаир 2030 и Феникс 2010 во 5. коло од Првата кошаркарска лига претрпе прекин од полвина час откако во третата четвртина по досудена личка грешка жестоко реагираше тренерот на домашниот тим, Ерхан Рамадан.
За истата стратегот доби исклучување, по немилите сцени судиите се повлекоа во соблекуваланта, а мечот продолжи со победа на гостите.
Денеска скопскиот клуб искочи со соопштение за целата ситуација во кое ја повика кошаркарската федерација за започне истрага за непрофесионалното и тенденциозно судење. А, доколку не се преземат чекори за корекција на овие ситуации, правдата новиот прволигаш ќе ја бара во повисоките, меѓународни институции.
Соопштението на КК Чаир 2030 ви го пренесуваме во целост:
Почитувани,
„КК Чаир 2030“ со ова писмо го изразува својот револт и ги повикува надлежните органи во рамките на Кошаркарската федерација на Северна Македонија особено да го истражат исклучително неспортското однесување на судиите при натпреварот што нашиот тим го одигра против Феникс. Имено, судиите А. Феревски, Т.Панов, В. Михајлович во текот на целиот натпревар, наместо да си ја вршат работата, тенденциозно, крајно непрофесионално и смислено, носеа одлуки на штета на КК Чаир. Целата игра беше инсценирање на непостоечки ситуации, пристрасно расудување и непочитување на спортската етика. Потсетуваме дека третиот судија на овој натпревар на последните три натпревари е постојано присутен како судија на натпреварите на нашиот тим, што не е практично и континуирано манифестира непрофесионален и неспортски пристап кон нашиот тим.Затоа бараме Кошаркарската федерација итно да го преиспита непрофесионалното, тенденциозно судење на овие судии и последователно да преземе дисциплински чекори против нив. Причинетата штета не е само за КК Чаир 2030 туку за сите љубители на кошарката и спортот.
КБ Чаир 2030 е сериозен тим кој со години придонесува за подигнување на квалитетот на кошаркарскиот спорт во Северна Македонија. Затоа, во никој случај нема да дозволиме нашиот труд, вложување и придонес да бидат деградирани од однесувањето на непрофесионалните судии. Ја почитуваме институционалната хиерархија и се надеваме дека нашите барања ќе бидат разгледани, но се согласуваме дека не молчиме и нема да молчиме пред омаловажувачките ситуации и доколку не се преземат чекори за корекција на овие ситуации, ние правдата ќе ја бараме на повисоко меѓународните инстанции на спортот како и со поригорозни чекори“
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

