Репрезентацијата на Македонија до 21 година овој месец во Кипар ќе одигра два контролни натпревари против селекцијата на домаќинот Кипар и против репрезентацијата на Србија.
На 17. ноември, избраниците на селекторот Драги Канатларовски ќе се соочат со домашниот Кипар, а пет дена подоцна ќе одиграме контролна пресметка против Србија.
„После контролните натпревари против Албанија и Саудиска Арабија што се одиграа во Хрватска, не очекуваат нови два меча против квалитетни противници. Тест натпреварите против Кипар и Србија се добра можност да добиеме увид во моменталната форма на повиканите репрезентативци. Се надевам дека ќе го продолжиме трендот на остварување позитивни резултати, а тоа дополнително ќе ја крене нашата самодоверба пред почетокот на квалификациите. Речиси нема промени во списокот на повиканите фудбалери во однос на претходните наши натпревари. Се соочуваме со објективни проблеми поврзани со малата клупска минутажа на одредени важни фудбалери во составот, но играњето за репрезентацијата е нешто посебно и се надевам дека истите тие играчи ќе го дадат максимумот и во вистинско светло ќе се покажат на претстојните мечеви. Убеден сум дека имаме квалитет, но мора на секој натпревар да бидеме со правилен пристап, одлучни во целта што сакаме да ја оствариме и се разбира со голема желба за победа” – вели Канатларовски.
Селекторот на нашата млада репрезентација за претстојните натпревари прати повик за следните фудбалери:
Голмани: Марко Алчевски (Академија Пандев), Иван Николовски (Воска Спорт), Стефан Митрев (Беласица), Александар Ангелкоски (Тетекс);
Одбрана: Александар Ѓурковски (Тиквеш), Антонио Јанкуловски (Вастра Фролунда, Шведска), Стефан Деспотовски (Штурм, Австрија), Андреј Стојчевски (Жилина, Словачка), Кристијан Тасевски (Аугсбург), Решат Рамадани (Шкендија), Виктор Крстевски (Гостивар);
Среден ред: Алекс Златков (Шкупи), Иван Николов (Брегалница), Хамза Рамани (Победа), Димитар Тодоровски (Работнички), Лука Станковски (Газиантеп, Турција), Ване Крстевски (Академија Пандев), Леонид Игнатов (Скопје), Берат Калкан (Касимпаша, Турција), Бехар Фета (Воска Спорт), Методи Максимов (Работнички);
Напад: Марио Илиевски (Кишварда,Унгарија), Луан Абази (Вил, Швајцарија), Христијан Малески (Струга Трим Љум).
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА