Ливерпул оди на продажба – „Енфилд“ добива нови газди?!

Ливерпул би можел наскоро да добие нови сопственици, откако се појавија шпекулации дека екипата е на продажба.

„Фенвеј Спортс Груп“ која раководи со поранешниот англиски и европски шампион соопшти дека имало интерес за купување на акции од премиерлигашот, па не ја исклучуваат можност да го продадат клубот.

„Добивавме интерес од трети лица кои сакаа да станат акционери во ливерпул. Ние соопштивме дека под вистински услови ќе дозволиме нови акционери во тимот ако тоа биде во најдобар интерес за Ливерпул. Остануваме посветени на успехот на Ливерпул на теренот и надвор од него“, соопштија од клубот.

Ливерпул игра многу лошо оваа сезона и по 13 одиграни кола се наоѓа на осмата позиција со 19 бодови.

Се вчитува...