Плејмејкерот на Бразил, Фелипе Кутињо, поради повреда и дефинитивно ќе го пропушти претстојниот Мундијал во Катар.
Според првите прогнози, Кутињо ќе отсуствува најмалку шест недели, па нема да се најде на списокот од 26 играчи што ќе го објави селекторот на Бразил Тите.
И покрај лошата форма, во која се наоѓа од почетокот на сезоната, Кутињо е еден од фудбалерите во кои бразилскиот селектор има голема доверба и според медиумите тој требаше да биде повикан за Катар.
Бразилецот се повредил на тренингот на Астон Вила, па ќе се врати на терените дури во јануари.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА