Македонскиот фудбалер Ердал Ракип (26), играчот од средниот ред, наскоро ќе го напушти шведскиот фудбалски клуб Малме и ќе биде слободен агент од 2023 година.
Ракип кој има два настапи за најдобрата македонска репрезентација, по истекот на важечкиот договор кој трае до 31 декември 2023 година, повеќе нема да биде играч на Малме со кој играше во Лигата на шампионите и Лигата на Европа.
Годинава во најсилниот шведски шампионат имаше 25 настапи и еден гол во поразот од Ѓургарден (2-3).
Во досегашниот поголем дел од кариерата беше дел од Малме со кој шестпати беше шампион на Шведска, а има и по еден трофеј националниот Куп и Суперкуп.
Беше дел од Бенфика и Кристал палас, но не запиша ниту еден официјален настап за тие клубови.
На репрезентативно ниво со У17 селекцијата на Шведска го освои третото место на Светското првенство во 2013 година.
View this post on Instagram
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

