Женската ракометна репрезентација на Црна Гора со победа над Германија од 29-25 победнички го продолжи настапот на ракометното Европското првенство.
Ракометарките на Црна Гора подобро го отворија натпреварот и многу брзо стигнаа до плус три гола разлика. Ваквата предност рутински ја негуваа во текот на првиот дел, па на пауза заминаа со позитива од 12-15.
Во вториот дел Германките за момент фатија ритам, па направија мини серија која им донесе израмнување на резултатот од 17-17. Селекторот на Црна Гора не чекаше долго, веднаш свика тајмаут, по што неговите избранички одиграа одлично во нападот и одбраната за нова предност. Ваквиот пристап кон натпреварот на Црна Гора и донесе втора победа во низа (29-25). Џурџина Јауковиќ, со девет гола беше прво име кај победникот, додека кај поразените Емили Болк со седум гола.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА