Женската ракометна репрезентација на Македонија го доживеа и вториот пораз на Европското првенство откако во 2. коло од групата Ц загубија од Холандија со 15-30.
Бекот на репрезентацијата на Македонија, Леонида Гичевска по мечот вели дека е тажна, но дека вака ќе растат сите заедно.
„Честитки за Холандија. Одиграа одличен меч. Ние го загубивме фокусот на денешниот меч. Тажна сум поради навивачите кои дојдоа да не бодрат. Но, сепак мислам дека растеме заедно од мечеви како што се овие. Ќе го одиграме и мечот со Романија максимум и ќе дадеме се од себе“, изјави Гичевска.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА