„Кралевите“ на коленa – Супер Столе и Рајо го освоија Мадрид (ВИДЕО)

Рајо Валјекано во супер натпревар го совлада актуелниот европски шампион Реал Мадрид, успевајќи да слави со 3-2 на домашен терен.

Комесана го отвори мечот во 5. минута, носејќи ја првата предност на домаќините за 1-0. До крајот на полувремето „кралевите“ постојано притискаа, а „мразот“ го скршија преку Лука Модриќ, кој во 37. минута беше прецизен од белата точка за 1-1. За само четири минути игра, на сцена стапи и Едер Милитао, кој за момент донесе пресврт од 1-2. Сепак, радоста на гостите кратко траеше, Алваро Гарсија изедначи на 2-2 во 44. минута, резултат со кој се замина на пауза.

Во вториот дел Рајо го славеше Оскар Трехо, кој од пенал во 67. минута постигна гол за триумф над Реал. До крајот на мечот Столе Димитриевски и соиграчите во целост ги неутрализираа гостите, обезбедувајќи нова победа во низа.

 

 

Се вчитува...