Женската ракометна репрезентација на Македонија утре ја очекува клучниот натпревар против Романија за пласман во втората фаза на Европското првенство 2022 година. Македонија иако е аутсајдер и на овој меч се уште е во игра за третото место кое носи место меѓу 12 најдобри репрезентации на шампионатот.
Селекторот Савевски за првите два натпревари вели дека главен проблем се големиот број на грешки во нападот за убедливите порази на Македонија.
„Ова е млада репрезентација без искуство и која немала вакви натпревари. Иако изгубивме десет разлика од Франција мислам дека одигравме подобар меч. Во некои сегменти игравме добро и се држевме колку што можевме добро и ја сум среќен со играта против Франција. Во играта со Холандија, кога ќе имате 28 изгубени топки не можете да очекувате повеќе. Во еден момент игравме добро и се држевме одлично во одбрана. Бевме прочитани во напад и воопшто немаше проток на топка и сепак со лоша игравме успевавме да дојдеме, но грешките не уништија, а со ваков противник веднаш се казнува. На крајот кога се беше решено им дадов шанса на сите играчи да одиграат и да покажат дека се најквалитетните кои ги имаме во овој момент. Нашата лига е многу слаба и мора да се преземат некои нови мерки ако сакаме да бидеме на ниво со најдобрите во Европа. Сепак од една страна е искуство да видиме на што сме и да не се преценуваме. Во овој момент не сме во светскиот и европски ракомет. Мора многу повеќе да се работи во клубовите“, вели Савевски.
Околу мечот со Романија тој вели…
„Романија е репрезентација која се создава. Не се на рангот на Холандија и Франција, но се големи фаворити во мечот со нас. Играјќи против Романија која е фаворит, единствена шанса ни е да извлечеме поука од грешките. Не смееме да дозволиме противникот брзо да се одлепи, бидејќи вака млада екипа како нашата многу е тешко да се врати по рана негатива“, заврши Савевски.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА