Луис Енрике по завршувањето на Мундијалот во Катар ја напушта клупата на шпанската репрезентација и ќе биде именуван за нов тренер на Атлетико Мадрид, тврди шпански „Ел Конфиденшл“.
Енрике во ноември 2019 година по вторпат стана селектор на Шпанија. Досега со неа учествуваше на едно големо натпреварување, ЕУРО 2020, на кое стигна до полуфиналето, а за две недели го почнува и Мундијалот во Катар.
Но, без разлика каков ќе биде резултатот на Шпанија во Катар, Енрике ја напуша „фуријата“ и неговиот договор кој завршува во декември оваа година нема да биде продолжен.
Како негова идна средина се наведува „Ванда Метрополитано“ како замена за Диего Симеоне, чиј Атлетико е ужасен оваа сезона.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

