Абердин загуби на гостувањето од Ливингстон во 15. коло од шкотскиот Премиершип, со што пропушти можност да се доближи бодовно до второпласираниот Глазгов Ренџерс.
Домашните победата ја осигураа со два гола по само 17 минути игра за водство од 2-0.
Македонскиот репрезентативец Бојан Миовски во последната минута од првото полувреме имаше можност да го намали резултатот, но не успеа да реализира пенал во 45. минута од средбата.
Абердин доби уште еден удар од белата точка во 58. минута, но овој пат пеналот го шутираше и реализираше Дјук. До крајот Абердин се обидуваше да дојде до израмнување, но не успеа во тоа.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

