Баерн Минхен во 14. коло од Бундеслигата славеше со убедливи 6-1 против Вердер. До победа баварците ги предводеше Гнабри со хет-трик, додека по еден гол додадоа Мусиала, Горецка и Тел. Сепак славјето го расипа повредата на една од најголемите ѕвезди во тимот, Садио Мане.
Сенегалецот настрада по судар со играч на одбраната на противникот, а и покрај тоа што по укажаната помош се обиде да продолжи да игра мораше да биде заменет. Според првичните информации станува збор за повреда на долниот дел на бутниот мускул, но сеуште не се знае сериозноста и колку тој ќе отсуствува од теренот.
Повредата на Мане на 13 дена пред почетокот на Светското првенство во Катар е сериозен проблем и за Сегенал кој на 21 ноевмри го очекува првиот натпревар против Холандија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА