Ливерпул ќе претрпи промени во раководството – меѓу заинтересираните e и Конор Мекгрегор

Гласините кои во последните неколку денови се јавија во англискиот фудбал за можна продажба на Ливерпул се покажаа како вистинити откако сопственитевите на клубот, групацијата „Fenway Sports Group“ ги потвди истите искажувајќи го и својот став.

Сопственичката групација вели дека веќе одредено време размислува за отварање на можноста на трети лица да купуваат акции, што секако е за доброто на клубот.

„Во последно време имаше доста промени во раководствата и гласни за потенцијани промени во Премиерлигата па неизбежно беше и ние да се најдеме во разговорот. Доста често добивавме интерес од трети страни кои се заинтересирани да купат акции во Луверпул, а и претходно рековме дека размислуваме за таа идеја која е во најдобар интерес за клубот. „ФСГ“ и понатаму останува посветен на успехот на Ливерпул на теренот и надвор од него“, стои во соопштението на групацијата.

Меѓу заинтересираните е и ММА борецот Конор Мекгрегор кој претходно изрази и желба за купување на премиерлигашот Челси. Сепак тој нема доволно финансии самостојно да започне ваков процес, но не се исклучува можноста за здружување со друг инвеститор.

Како потенцијален купувач се јавува и Џим Ретклиф кој веќе е сопственик на францускиот клуб Ница и швајцарскиот Лозана, а неодамна беше поврзуван и со купување на Манчестер Јунајтед.

Се вчитува...