Гвардиола: Играме ден по завршувањето на Светското првенство, зар има некој нормален?

Густиот распоред за фудбалскиот тимови продолжува непосредно пред почетокот на Светското првенство во Катар, а Англичаните ги очекува и вистински пекол по завршување на Мундијалот. Фудбалот на „Островот“ продолжува само еден по последниот свиреж во Катар со Лига куп натпреварите, а Премиерлигата продлжува на 26. декември.

Тоа беше повод за „бунт“ од страна на Пеп Гвардиола. Тренерот на Манчестер Сити изрази незадоволство од згуснатиот распоред, а направи и споредба со германското првенство.

„Што да кажам освен дека ова е лудост? Во Германија првенството ќе продолжи на 20. јануари, а ние играме на 26. декември. Што е најлошо сеуште не знаеме кога ќе биде заостнатиот натпревар со Арсенал, а во однос на другите држави имаме и Куп повеќе. Искрено не знам на кој ќе можам да сметам за тој натпревар на 19. декември. Немој да се чудите да играме и со играчи од академијата“, вели Гвардола.

Се вчитува...