КУП НА МАКЕДОНИЈА 1/4 ФИНАЛЕ: Дербито е на „Чаир“, освојувачот на „академски“ испит

Денеска се играат пресметките од 1/4 финалето на Купот на Македонија. За пласман меѓу најдобрите четири тима ќе се борат Шкупи, Шкендија, Македонија ЃП, Академија Паднев, Струга ТЛ, Брегалница, Силекс и Вардар како единствен второлигаш во ова друштво.

Најинтересно и највозбудливо се очекува да биде на „Чаир“ каде што Шкупи ќе го дочека тимот на Шкендија, два тима кои атакуваат и на трофејот на Купот, но и на шампионскиот пехар. Двете екипи најавуваат победа и пласман во завршницата за големиот трофеј.

„Ни помогна и тоа што ова коло бевме слободни, па имавме повеќе време да се подготвиме за денешниот меч. Целосно се посветуваме на нашиот противник, и го анализиравме како што треба. Шкендија има квалитет, но ние ја имаме предноста на домашен терен и верувам дека ќе дојдеме до победа. Овој натпревар е за нас како финале, и се надевам дека ќе одиграме како што знаеме и ќе победиме“, рече Валид Хамиди. 

Голманот на Шкендија, Костадин Захов очекува екипата да се подобри, кога станува збор за резултатите, и вели дека денешниот меч е шанса за такво нешто.

„Гледајќи ги последните натпревари, мислам дека сите посакуваат победа. Навивачите имаат право да не бидат задоволни и ние самите очекуваме резултатски да се подобриме. Ова е одлична можност на ова дерби, и потоа со Струга да покажеме карактер и квалитет. Шкендија знаеше тоа да го покаже и мисалм со две победи ќе ја вратиме вербата во публиката и ќе се искачиме горе на табелата. Ние сме Шкендија и одиме на победа на секон натпревар. Верувам во квалитетот на моите соиграчи и се надевам дека ќе славиме победа“, изјави Захов. 

Освојувачот на трофејот во Купот, Македонија ЃП пехарот ќе го брани со дуел против Академија Пандев на свој терен. Момците на Муарем Бајрами се во серија од четири меча без пораз, додека Академија Пандев е во многу лоша серија и се чини дека единствен начин за излез во Европа треба да бара токму преку Купот.

Интересно ќе биде во Струга, каде што домашниот тим Струга ТЛ ќе игра со Брегалница. Лидерот на табелата има еден мал пад во формата, што го покажа на последните неколку натпревари во првенството. Тимот на Брегалница, пак, патува на ова гостувае после оставките од шефот на стручниот штаб Илчо Ѓорѓиоски и спортскиот дитекрот Никола Тонев кои се случија веднаш после победата над Тиквеш.

Во Кратово играат некогашните шампиони Силекс и Вардар. „Црвено-црните“ ќе ја бранат честа на второлигашите во Купот. Силекс, пак, како минатогодишен освојувач има желба одново да стигне во борба за големиот трофеј. Кратовци важат за фаворит, но Вардар сезонава покажа дека има цел од идната сезона да се врати на големата сцена.

Се вчитува...