„Ракип не се чувствува како дел од тимот на Македонија“

Селекторот на фудбалската репрезентација на Македонија, Боби Милевски го објави списокот на фудбалери за контролните два натпревари против Финска (17. ноември, 18:00 часот) и Азербејџан (20. ноември, 14:00 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Милевски проговори и за ситуацијата со Ердал Ракип кој веќе подолго време не е дел од репрезентацијата на Македонија.

„Кога фудбалер ќе ви каже дека му треба пауза од националниот тим вие го прашувате за причините. Не беше наведена ниту една причина освен една дека  тој едноставно не се чувствува како дел од тимот. Јас тоа го почитувам и не можеме да направиме ништо плус. Наша цел е на секој играч да му пружиме да се чувствува како дел од тимот. Тоа важи за него и за сите останати. Сето друго е на самите играчи” – истакна селекторот Милевски. 

Се вчитува...