На Чаир инцидент, во моментов натпреварот е во прекин, откако публика влезе на теренот по водечкиот гол на Шкендија кој го поситнга Дашмир Елези. Елези погоди, а потоа неговата провокација кон навивачите вроди со тоа дел од навивачите да влезат на теренот и да ги нападнат играчите на Шкендија.
Реагираше и полицијата, и останатите играчи, а еден од фудбалерите на Шкендија се гледа како е удрен од страна на непознат гледач.
Веднаш потоа судиите се повлекоа во соблекувалната, и сега следува одлука околу тоа што ќе се случува на мечот. Веројатно ќе се бара празнење на трибината каде што се наоѓаат навивачите на Шкупи, за да може да продолжи натпреварот. Се повлекоа и играчите на Шкендија, а потоа и на Шкупи во соблекувалната.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА