Кратовски Силекс е третиот полуфиналист во Купот на Македонија откако денеска во четвртфиналниот натпревар во Кратово, по изведувањето на пеналите беше поуспешен од Вардар.
Во регуларниот дел дуелот заврши без голови, по што пенал-рулетот одлучуваше околу патникот во полуфиналето.
А, во пеналите посреќни беа домаќините кои триумфираа со 3-2 за место меѓу најдобрите четири екипи во најмасовното домашно клупско натпреварување.
Претходно, место во полуфиналето обезбедија и Струга ТЛ и Македонија ЃП, додека прекинатиот натпревар меѓу Шкупи и Шкендија ќе се одлучува во комисиите на ФФМ.
КУП НА МАКЕДОНИЈА – ЧЕТВРТФИНАЛЕ
Скопје: ШКУПИ – ШКЕНДИЈА 0-1 (ПРЕКИНАТ)
Елези 9′
Струга: СТРУГА ТЛ – БРЕГАЛНИЦА 2-0
Малиќи 2′, Шабани 59′
Скопје: МАКЕДОНИЈА ЃП – АК. ПАНДЕВ 1-0
Самаке 73′
Кратово: СИЛЕКС – ВАРДАР 0-0 (по пенали: 3-2)
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА