СП во Катар: Строги регулации за алкохол и дрога, жените да бидат покриени од рамо до колена…

Помалку од две недели не делат до почетокот на Светското првенство кое ќе биде далеку поразлично од тоа што сме навикнати. Бројните правила и обврски на арапската држава ќе донесат едно ново искуство, а АФП со таа цел направи подготовка за навивачите во однос на тоа што ги чека во Катар.

Самиот влез ќе донесе и рестрикции со тоа што во државата ќе биде дозволен влез само за личности кои имаат билет за натпревар и три останати придружници кои сепак ќе мораат да платат по 500 катарски ријали, односно 140 евра.

Алкохолот е легален само за немуслимани постари од 21 година, но е строго регулиран. Истиот е забранет при влез во државата, а гледачите ќе можат да пијат во меѓународните хотели каде мало пиво или чаша вино ќе чини околку 10 евра, а коктел нешто повеќе од 15 евра. Дрогата е строго забранета и дури за мала количина ќе следи остра парична казна, а не е исклучува ни можноста за затвор.

Препорачано е да не се внесува свинско месо или производи кои можат да се „сфатат како порнографија“ (видеозаписи, секс играчки), а на жените им се препорачува во јавност да бидат покриени од рамо до колена. И покрај тоа што не е утврдено со закон или пропис, на навивачите им се препорачува и да избегнуваат да покажуваат љубов на јавно место.

Се вчитува...