Соопштение на Шкупи: Ќе се бориме до крај против оние кои му наштетуваат на нашиот клуб

Шкупи се огласи со соопштение по повод денешните случувања на натпреварот со Шкендија, кој беше прекинат во 10. минута кога Дашмир Елези го постигна голот за водство на тетовскиот тим. Навивачите не издржаа и влегоа на теренот, сакајќи да се пресметаат со гостинските играчи.

Шкупи ја прифаќа грешката, им се извини на оние кои неизмерно го сакаат клубот, и истакна дека ќе работи на искоренување на оние кои наштетуваат на клубот.

„Почитувани навивачи, ние како клупски челници 3-4 години се трудиме да направиме максимум за клубот Шкупи да расте, и да бидеме најдобри во земјата, да го подигнеме квалитетот во Европа и да придонесеме вистинските љубители на фудбалот да се радуваат на победите на нашиот тим. Спортистот мора да биде морален и љубозен, но грубоста и неморалот на фудбалерот никогаш не смее да биде објаснување за она што се случи денеска. Многу ни е жал како клуб, затоа што не сме такви, и нема ни да бидеме. Сакаме да бидеме тим за кој ќе се зборува за неговите победи, за неговиот раст. Знаеме дека вистинските навивачи никогаш не би го повредиле својот клуб. Вистинскиот навивач не го оштетува клубот и застанува против оние кои му наштетуваат на клубот. Нема шанси оние кои денеска го направија тоа да се вистински поддржувачи на Шкупи и да го сакаат Шкупи. Им се извинуваме на вистинските фанови, на фудбалската јавност, на татковците и мајките кои ги донесоа своите деца да гледаат фудбал. Ние ветуваме дека ќе се бориме до крај со оние кои се обидуваат да му наштетат на клубот до крај, без разлика на цената. Нема да дозволиме да го попречат растот и развојот на својот клуб“, се вели во соопшението.

Се вчитува...