Захариевски: Одигравме одличен меч против Брегалница, конечно заличивме на екипата од пред еден месец

Струга ТЛ се пласираше во полуфиналето од Купот на Македонија откако во четвртфиналната пресметка на домашен терен славеше со 2-0 против штипска Брегалница.

Шефот на стручниот штаб на стружани, Срѓан Захариевски по мечот не го криеше задоволството од пласманот во следната рунда натпревари во Купот, но и од изданието на неговиот тим кој по извесен период конечно заличе на тим.

„Денеска против Брегалница одигравме навистина еден многу добар натпревар, на кој можам да кажам дека заличивме на екипата од пред еден месец. Се надевам дека ова ќе биде добра увертира за саботниот натпревар со квалитетната екипа на Шкендија“ – вели Захариевски.

Се вчитува...