Репрезентативците се подготвуваат за Норвешка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

Македонската кошаркарска репрезентација во салата „26ти Април“ во Гевгелија се подготвува за вториот ФИБА „прозорец“ од претквалификациите за Евробаскетот 2025. По воведните победи „црвено-жолтите“ го очекуваат уште два дуела во четврток и недела против селекциите на Норвешка и Данска.

Репрезентативците кои се најдоа на списокот на Александар Јончевски со исклучок на Кристијан Николов кој поради повреда на раката ќе го пропушти овој собир веќе одработија неколку тренинзи на југот на Македонија пред утрешниот натпревар против Норвешка кој е клучен за освојување на првото место во групата.

 

Се вчитува...