Францускиот селектор Дидие Дешамп го соопшти списокот на 25 играчи на кои ќе смета на престојниот Мундијал во Катар. Соочувајќи се со неколку проблеми, пред се со отсуството на Нголо Канте, Дешамп не направи поголеми промени во списокот. Тука е и освојувачот на Златната топка, Карим Бензема.
Составот е спој на младост и искуство. Дешамп најде место за младите Салиба, Чуамени, Камавинга, Мбапе, Нкунку, а тука се и веќе проверените Гризман, Бензема, Жиру, Павар, Варан, Лорис…
Франција ќе го брани трофејот од 2018 година, и е еден од фаворитите за да стигне во завршницата, па дури и да се најде на највисокото место на пеидесталот. Веројатно за Дешамп ова ќе биде последен мандат како селектор, а после него раководењето ќе го преземе Зинедин Зидан.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА