Реал Сосиедад ја продолжи агонијата на Севилја

Реал Сосиедад ја продолжи агонијата на Севилја откако во 14. коло од Ла Лига славеше со 1-2, сместувајќи го домашниот тим блиску до опасната зона на табелата. До победа гостите ги предводеа Сорлот и Мендеж, а единствениот гол за домаќините го постигна Мир.

Во полза на Севилја не беа ниту двата црвени картони на Ракитиќ и Нианзу во 28. и 34. минута па со два играчи помалку гостите немаа многу проблеми да ги задржат трите бода.

Претходно на победа се радуваше и Алмерија која со триумфот над Гетафе од 1-0 го превзема 14. место на табелата од противникот. До победа домаќините го предводеше Лео Баптистао со гол во 26. минута.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...