Ведат Муриќи го шокираше Атлетико Мадрид во Мајорка

Мајорка стигна до сензационална победа во 14. коло од Ла Лига откако на домашен терен славеше со 1-0 против Атлетико Мадрид. Херој на домашниот состав беше косовскиот репрезнтативец Ведат Муриќи кој го совлада Облак во 16. минута од мечот.

Мадридскиот состав беше блиску до изедначување во 21. минута, но ВАР го поништи голот на Алваро Мората, а „јорганџиите“ не успеаја да стигнат до нов гол во мрежата на одличниот Рајковиќ.

Денешниот пораз е втор за Атлетико Мадрид во последните пет натпревари во кои сега избраниците на Диего Симеоне имаат забележано само една победа и два нерешени меча со што паднаа на 5. позиција на табелта. Мајорка пак со денешниот триумф стигна до 19 освоен бод.

 


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...