Ромело Лукаку се најде на списокот на патници за белгиската репрезентација во Катар, откако беше под голем знак прашалник дали ќе патува со оглед на повредата која ја лекува. Сепак, селекторот Роберто Мартинез се одлучи да го вклучи искусниот напаѓач.
Белгија има искусен тим, и еден од фаворитите за стигнување во завршницата на Мундијалот во Катар. Покрај Лукаку, тука се и искусните Мертенс, браќата Азар, Витцел, Де Брујне, Мение, Рилеманс, Вертонген, Алдервирелд, Караско, Куртоа…
Белгиската федерација исто така соопшти дека Хејнен, Салемакерс, Лукебакио и Денајер се на листа на чекање, доколку некој се повреди од сегашните играчи да влезе како замена.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА