„За Шумахер нема место во Формула 1“

Поранешниот прв човек на Формула 1, Берни Еклстоун смета дека синот на легендарниот Михаел Шумахер, Мик треба да заборави на Формула 1 и да се обиде во друга категорија во мото спортот.

Се уште е неизвесно дали Мик следната година ќе вози за тимот на Хас, каде што нема голем успех во последните две сезони.

„Мислам дека Хас нема да го остави Мик. Луѓето се разочарани од неговата изведба. Не знаеме дали зависи од него или од тимот, но реално секој подобар тим нема да сака да го донесе. Сите знаат кој бил неговиот татко и сите го гледаат низ објективот на Мајкл. Тоа е премногу тежок товар и мислам дека нема место за него во Формула 1. Мора да се сврти кон друга категорија. Тој не е способен да се справи со притисокот што го носи Формула 1“, заклучи Еклстоун.

 

Се вчитува...