После двете соопштенија од страна на Шкупи, денеска со соопштение се огласи и Шкендија, чии фудбалери вчера беа нападнати од неколку лица од публиката после постигнувањето на голот во 9. минута.
Шкендија го доби натпреварот на службена маса, и пласманот во полуфиналето на Купот на Македонија. Од тетовскиот тим порачаа дека на теренот нема место за насилство, и порачаа да престане омразата меѓу навивачите.
„Фудбалот е игра, а целта е да се зближат луѓето, да се забавува, а публиката да ужива и да се опушти. Фудбалот обединува различни народи, а не обратно!
Поточно, потенцираме дека ставот на спонзорот на Шкендија е дециден и непоколеблив во овој поглед: „НИЕ НИКАКО НЕ ФИНАНСИРАМЕ НИШТО ШТО ПРОИЗВЕДУВА НАСИЛСТВО!“
По се што се случи на Чаир на прекинатиот натпревар од четврт-финалето на Купот на Македонија, помеѓу Шкупи и Шкендија, овој пат ние како клуб НЕМА да излеземе со соопштение за да го осудиме нападот врз нашите фудбалери на теренот, фрлање пиротехника и силни предмети од трибини, пцовки и навреди или дури и напади од одредени поединци кон нашиот тимски автобус по заминувањето од Скопје.
Шкендија како клуб повикува итно да престане оваа крајна омраза и фанатизам меѓу навивачите на двата тима, која не само што им нанесува штета на нашите клубови, туку и на невините граѓани кои можеби немаат никаква врска со фудбалот.
Не е улогата на Шкендија да одредува кој го почна инцидентот, кој ја продолжи, кој е повеќе, а кој помалку виновен!
Шкендија кратко и јасно порачува, СТОП НА ОМРАЗАТА И НАСИЛСТВАТА на нашите натпревари!
Во ниту еден момент не претендираме на обединување на двете навивачки групи, ниту на елиминација на ривалството на спортското натпреварување! Напротив, веруваме дека ривалството е добро за конкуренција. Но, како да се надминат границите на дозволеното! Јасно е што можат навивачите, а што не. Впрочем, и фудбалот се игра за публика. Но кога истите навивачи ќе влијаат на прекин на меч, тогаш јасно е дека црвената линија е помината. Затоа се повеќе имаме забрана за гостински навивачи. Полицијата не им дозволува, другата екипа не ги прифаќа, и сега сме во ситуација дури и нашиот клуб да го трпи однесувањето на оние кои велат дека најмногу го сакаат клубот. Ова не е љубов!
Во оваа прилика КФ Шкендија упатува јавен повик до сите инволвирани страни да размислат и искрено да престанат со оваа омраза.
Со надеж дека настаните никогаш нема да се повторат, ние како клуб нудиме максимална соработка без исклучок, за создавање на спортска и коректна клима и во иднина да можеме повторно да уживаме во фудбалот како празник, и достоинствено да се радуваме на успесите постигнати во границите на правилата и почитување на сите компоненти на играта“, се вели во соопштението на Шкендија.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА