Малерозниот Ројс: Лекарите дадоа се од себе да одам на Мундијалот, но мојот сон се сруши

Фудбалерот на Германија Марко Ројс, ќе пропушти уште едно Светско првенство поради повреда. Откако не беше вклучен на Мундијалот во 2014 година поради повреда во последен момент, Ројс сега нема да патува ниту во Катар. Тој не успеа навреме да се рехабилитира од повредата на скочниот зглоб, и така ќе пропушти уште едно Светско првенство, веројатно и последната шанса одново да се најде на Мундијал, со оглед дека беше на оној во Русија пред четири години.

Ројс се огласи на социјалните мрежи, кажувајќи дека лекарите последните денови направиле напори да го оспособат, но тоа едноставно не било можно.

„Видовте дека нема да можам да одам на Светското првенство. Лекарите направија се што е возможно во изминатите неколку дена да го овозможат моето учество на Светското првенство. Но, проблемот со мојот скочен зглоб не можеше да се санира. Посебно благодарност до оние кои напорно работеа да се вратам. Благодарност и до селекторот Флик и тимскиот лекар Хане кои пробаа се. На крајот сите сфативме дека тоа не е доволно. Посакував да имам поубави вести, но… Еден мој голем сон се сруши. Сега му посакувам на мојот тим успех во Катар. Ќе држам среќа од дома“, напиша Ројс.

Се вчитува...