Македонската фудбалска репрезентација го има првото откажување за пријателските натпревари против Финска и против Азербејџан. Поради повреда на листот на ногата, Александар Трајковски нема да биде во можност да биде на располагање на селекцијата.
Тоа значи дека Благоја Милевски ќе мора да бара решение. Не е познати дали селекторот Милевски ќе реши да повика нов фудбалер, или не на местото на повредениот Трајковски.
За потсетување дека поради повреда на овие два меча ќе го нема и Аријан Адеми. Селекторот на македонската репресзентација вчера го соопшти списокот. Се вратија Бобан Николов и Илија Несторовски во националниот тим.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА