Без никакви изненадувања, португалскиот селектор Фернандо Сантос го објави списокот на фудбалери на кои ќе смета на Мундијалот во Катар.
Селекцијата ја предводи Кристијано Роналдо, кому веројатно ова ќе му биде последен Мундијал, а тука е и искусниот стопер Пепе. Во составот има доста искусни имиња кои играат низ големите европски клубови, како и од Порто, Бенфика и еден играч од Брага.
Сантос најде место и за искусниот Жоао Марио, кој долго време не беше во форма, но во последно време игра главна улога во Бенфика, тим кој што заврши пред ПСЖ во групната фаа во ЛШ.
Португалија се пласираше на Мундијалот благодарение на победата над Македонија во баражот во мечот на „Драгао“.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА