Ван Дајк откри кој му бил најтежок играч за чување и изненади многумина

Ливерпул во последните неколку години игра одлично. После долги години ја освои титулата во Премиерлигата, го освои и трофејот во Лигата на шампионите, а еден од заслужните е стоперот Вирџил Ван Дајк.

Тој во разговор за англиските медиуми зборуваше околу тоа кој играч му бил најтежок за чување во ерата на Ливерпул. Иако играл и против Роналдо, Меси, Халанд, Агуеро, сепак, за Холанѓанецот најтежок ривал е Оливие Жиру.

„Против Жиру секогаш се мачев. Секогаш имав чувство дека „го имам“, но некако секогаш успеваше да постигне гол. Не е важно дали играше за Арсенал, Челси или Франција. Секогаш постигнуваше голови“, рече Ван Дајк. 

Се вчитува...