Англиски лига Куп: Јунајтед два пати губеше, на крајот и се одмазди на Астон Вила

После само неколку дена по поразот во Премиерлигата, Манчестер Јунајтед стигна до победа над Астон Вила со 4-2, и така и се одмазди на оваа екипа елиминирајќи ја од Лига Купот на Англија.

Интересен беше мечот на „Олд Трафорд“, а Астон Вила два пати се закани да направи нова сензација, откако два пати водеше, но на крајот до победата стигна Манчестер. Сите пет гола беа постигнати во вториот дел, а гол серијата почна во 48. минута со голот на Воткинс. Само минута подоцна Марсијал успеа да изрмани по еден одличен противнапад.

Во 61. минута Далот си постигна автогол за ново водство на тимот од Бирмингем. Но, за само шест минути Рашфорд донесе ново израмнување, за во 78. минута Мингс со автогол го израдува „Олд Трафорд“ за прва предност на Јунајтед. Во 91. минута Мектомини ги постави конечните 4-2.

 

Се вчитува...