Реал Мадрид против Кадиз се врати на победите

Реал Мадрид стигна до нова победа во шпанскиот шампионат, откако вечерва на свој терен го совлада тимот на Кадиз со 2-1. Победата можеше да биде со поголема разлика, но Модриќ во 79. минута го промаши невозможното. 

Отпорот на Кадиз го „скрши“ Милитао со гол во 40. минута. Херој на Реал Мадрид е Тони Крос, кој покрај асистенцијата за првиот, го постигна вториот погодок во 70. минута.

Сепак, неизесност во финишот донесе Перез кој во 82. минута само го намали резултатот, но Реал на крајот успеа да ја задржи предноста и да дојде до 11. победа во сезоната, иако Кадиз во 93. минута имаше зицер да дојде до израмнување и еден бод од ова тешко гостување кај првакот.


Standings provided by Sofascore

Се вчитува...