Стигна првата репрезентација во Катар (ВИДЕО)

Фудбалската репрезентација на САД е првиот од 32. учесници на Светското првенство што пристигна во Катар, откако слета на меѓународниот аеродром Хамад во Доха. Селекцијата на САД долета од Њујорк, а авионот беше еден од првите што пристигна на новоотворениот дел од аеродромот, пренесува „Франс-прес“.

Американската селекција ќе го започне натпреварувањето на 21. ноември со меч против Велс, четири дена подоцна ќе игра со Англија, а на 29. ноември со Иран.

Целата американска експедиција ќе биде сместена во хотел во западна Доха, а ќе тренира на клупскиот терен Ал-Гарафа, оддалечен околу 15 километри. Селекцијата на САД по 11. пат учествува на светските првенства. Неодамна во Катар пристигнаа членови на селекциите на Аргентина и Јапонија, но не и нивните репрезентации.

 

Се вчитува...