Поранешен играч во футсал ќе игра на Мундијалот во Катар

На списокот на репрезентацијата на Мароко за Мундијалот во Катар, се најде и Јахја Јабране, играч од средниот ред на тимот Видад Казабланка од Мароко. Во кариерата има три настапи за националниот тим, а интересно е што со фудбал професионално се занимава од 2013 година, односно на 21-годишна возраст. Претходно играл футсал и бил дел од селекцијата на Мароко на СП пред 10 години.

Десет години подоцна Јабране ќе игра на Мундијалот во Катар, и тоа проти Хрватска, Белгија и Канада. За футсал селекцијата имал еден настап и постигнал еден гол, прв за Мароко на Светските првенства во футсал.

Јабране нема интернационална кариера, а настапувал само во родниот Мароко. Во Видад е од 2019 година.

Се вчитува...