Пике се огласи по веста дека е пред трансфер во лутиот ривал на Барселона!?

Жерар Пике неодамна ги изненади сите со тоа што реши да стави крај на својата играчка кариера, а последниот натпревар во дресот на Барселона го одигра викендов, но после тоа се појавија шпекулации дека сепак може да игра до крајот на сезоната и тоа за лутиот ривал на каталонскиот клуб.

Искусниот дефанзивец е официјално пензиониран од вторник откако беше во конкуренција за натпреварот против Осасуна, но не влезе во игра бидејќи на полувремето доби црвен картон поради навреда кон судијата.

Но, Пике се повлече во голем стил бидејќи навивачите на Барселона беа воодушевени од она што му го кажа на судијата Манзано кој не блескаше баш на натпреварот во Памплона. Сепак, вчера многумина беа шокирани од веста која ја објавија шпанските медиуми, а тоа е дека Пике би можел да игра до крајот на оваа сезона, но не во дресот на Барселона, туку во редовите на лутиот ривал Атлетико Мадрид.

„АС Мадрид“ прв објави дека Атлетико е заинтересиран за Пике и дека му понудиле договор до крајот на сезоната со можност за продолжување на уште една година. „АС“ пишува дека Атлетико има сила да го убеди Пике да дојде во Атлетико бидејќи од Мадрид веруваат дека тој се уште сака да игра фудбал.

Пике се огласи по ваквата вест, откако гостуваше во подкастот со Ибаи Љанос.

„Веќе еднаш кажав дека никогаш нема да носам друг дрес по оној на Барселона. Нема смисла да одам од Барса во редовите на таков ривал како Атлетико. Видов дека сите го пишуваат тоа, но таквата вест ме забавува и се смеам. Немам никаков проблем со тој клуб или со навивачите на Атлетико. Едноставно донесов одлука да не играм повеќе и тоа е тоа. Да сакав да играм, ќе останев во Барселона. И кога имав 28 или 29 години“, потенцираше Жерар.

Се вчитува...