Мбапе размислувал да не игра за Франција поради расизмот!

Килијан Мбапе изјави дека во еден момент размислувал да ја напушти француската репрезентација, но потоа сфатил дека откажувањето ќе испрати погрешна порака до оние кои по расна основа го злоставуваат на социјалните мрежи.

Мбапе беше херојот на Франција кога како тинејџер постигна гол во финалето на Светското првенство во Русија, но кога промаши пенал во петтото коло на осминафиналето на ЕП со Швајцарија, тој стана главна мета на оние кои си даваат право да користат социјални мрежи, со цел да злоупотребуваат било кој од која било причина.

Мбапе долго време трпеше, и продолжува да трпи, злоупотреба од ваков вид на расна основа. За жал, тој не е единствениот, но тоа го наведе да размислува повеќе да не игра за репрезентацијата. Во интервју за „Sports Illustrated“, Мбапе рече дека разговарал и со претседателот на Француската фудбалска федерација, Ноел ле Грете, за да укаже дека федерацијата направила премалку за да ги заштити играчите од ваков тип на насилство.

„Му реков дека не можам да играм за луѓе кои мислат дека сум мајмун. Не сакам да играм“, изјави Мбапе, кој исто така истакна дека не ја чувствува поддршката од федерацијата, ниту разговорот со претседателот на федерацијата може да го оцени како особено продуктивен.

Сепак, тој реши да продолжи да игра за Франција откако разговараше со семејството и пријателите бидејќи откажувањето ќе испрати погрешна порака.

„Мислам дека сум пример за сите. Ова е новата Франција … Затоа не се откажав од репрезентацијата. Ова е порака до помладите од мене – ние сме посилни од тоа. Се чувствувам како Французин бидејќи сум роден во Франција, таа ми даде можност да пораснам нормално“, потенцирал Килијан.

Се вчитува...