Леброн ќе пропушти неколку натпревари на ЛА Лејкерс

Кошаркарот на Лос Анџелес Лејкерс, Леброн Џејмс најверојатно поради повреда на препоните ќе мора да пропушти неколку натпревари во НБА лигата, потврди тренерот на „езерџиите“, Дарвин Хем.

Џејмс се повреди во последната четвртина од натпреварот против Лос Анџелес Клиперс. Натпреварот се одигра во ноќта меѓу средата и четвртокот, а победа во градското дерби забележа екипата на Клиперс со 114-101.

„Најважно е што нема ништо скинато. Така да тоа е прилично добра вест“, изјави Хем. 

 

Се вчитува...