Нагелсман за Мане: Ако е така, тогаш не може на СП

Тренерот на Баерн Минхен, Џулијан Нагелсман, во петокот изјави дека неговиот клуб ќе продолжи да го следи развојот на повредениот напаѓач Садио Мане, кој и покрај повредата е вклучен во 26-члениот тим на Сенегал за Светското првенство во Катар.

Мане има повреда на десната потколеница на првенствениот натпревар против Вердер, а нема да биде во тимот на Баерн за саботниот натпревар против Шалке во Гелзенкирхен, кој е последен натпревар пред паузата поради Светското првенство и зимската пауза во Бундеслигата.

Според првичните дијагнози, се чинеше дека Мане нема изгледи за опоравување и учество на Мундијалот, но селекторот Алиу Сисе сепак го вклучи на конечниот список на патници за Катар.

Нагелсман овој случај не го смета за завршен и тврди дека Мане не смее да игра доколку не е целосно здрав.

„За десет дена ќе направиме уште еден преглед за да дознаеме како се одвива опоравувањето. Разбирливо е дека го посакуваат неговиот настап во Сенегал. Но, ако боли, тој не може да игра. Здравјето е поважно од фудбалот. Ова важи и за нас, како и за сите други“, рече Нагелсман.

Се вчитува...