Драган Стојковиќ Пикси го објави списокот од 26 играчи кои ќе патуваат во Катар и ќе ги бранат боите на Србија на најголемата светска фудбалска смотра. На списокот на „орлите“ немаше изненадувања, па навивачите во Србија практично од старт знаеја кој ќе игра на Мундијалот.
Србите поддршка на шампионатот ќе имаат и од Италија која во баражот беше елиминирана од Македонија, бидејќи дури 11 фудбалери на Србија играат во Серија А.
На прв поглед веднаш можеме да забележиме дека дури 11 играчи доаѓаат од Серија А. Сите српски репрезентативци во Италија имаат важни улоги во своите тимови, тандемот Влаховиќ – Костиќ го „влече“ Јувентус, додека Сергеј Милинковиќ Савиќ е веројатно најдобар фудбалер на Лацио. Покрај нив од „калчото“ доаѓаат: Вања Милинковиќ Савиќ, Никола Миленковиќ, Дарко Лазовиќ, Иван Илиќ, Немања Радоњиќ, Саша Лукиќ, Филип Ѓуричиќ и Лука Јовиќ.
Во Италија списокот на Пикси беше со ентузијазам пречекан, па на социјалните мрежи тамошните новинари се шегуваат дека Србија е Италија на шампионатот, бидејќи се знае дека избраниците на Роберто Манчини не се квалификуваа. „Знаеме кој е нашиот тим“, пишуваат Италијанците на социјалните мрежи.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА