Милан Ристовски се повреди, неизвесен за мечевите со Финска и Азербејџан

Македонскиот фудбалски репрезентативец Милан Ристовски доживеа повреда на последниот меч за својата Спартак Трнава. Словачкиот клуб има негатива од 0-1 по првото полувреме против Скалица во меч од 18. коло од Фортуна лигата.

Македонскиот напаѓач се пожали на повреда уште на самиот старт на натпреварот, па мораше да биде заменет по само 23 минути игра.

Ристовски поради оваа повреда е неизвесен за двата пријателски натпревари кои Македонија против Финска (17. ноември, 18:00 часот) и Азербејџан (20. ноември, 14:00 часот) на Националната арена „Тодор Проески“ во Скопје.

Се вчитува...