Женската ракометна репрезентација на Германија стигна до сензационална победа против Холандија од 28-35 во првиот натпревар од воведното коло од главната рунда во групата 2 која се игра во Скопје на Европското првенство во Македонија, Словенија и Црна Гора.
Холанѓанките подобро го отворија натпреварот и во неколку наврати на самиот старт имаа плус три. Сепак, следеше голем пад во финишот, па со фуриозна игра Германките на пауза заминаа со позитива од дури четири погодоци (13-17).
Во второто полувреме Германките во ниту еден момент не им дозволија на противничките да се вратат во натпреварот и на крајот стигнаа до првата победа во групата 2 од главната фаза на ЕП.
Алина Грајселс со осум голови беше најдобар поединец кај победникот, додека кај поразените со ист број погодоци заврши Маленштајн.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА