Борусија Дортмунд вчера претрпе уште еден пораз. Во 15. коло од Бундеслигата, „милионерите“ со 4-2 беа поразени од Борусија Менхенгладбах, и така го забележаа шестиот пораз во одиграни 15 натпревари. Титулата се чини сега недостижна, со огледдека Баерн Минхен со победа денеска против Шалке може да дојде до +9 поени разлика.
Во Борусија има многу што да им земеруваат на своите фудбалери. Иако е тим кој често ги продава своите најдобри играчи, а потоа купува „анонимци“ па од нив прави „ѕвезди“, сепак, се чини нема да биде така со двајца фудбалери.
Откако минатата година го продаде Џејдон Санчо на Манчестер Јунајтед, „милионерите“ го доведоа Донјел Мален од ПСВ за 30 милиони евра. Минатата сезона му беше прва, па сите очекуваа од него во оваа да „експлодира“, но тој е далеку од очекувањата. Истото се однесува и за Карим Адејеми. Германецот од Салцбург беше доведен летово да ја засили крилната позиција на тимот. Двете крила кои беа платени 60 милиони евра (вкупно со плати ќе изнесуваат 100 милиони), имаат само две асистенции и ниту еден постигнат гол во 12 одиграни мечеви сезонава во Бундеслигата.
Мален има само две асистенции, додека Адејеми нема ниту гол ниту асистенција. Адејеми доби повик за Германија на Мундијалот, но ако вака продолжи со слабата форма, тогаш после СП сигурно ќе биде отпишан од репрезентацијата.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА

