Денешниот ден 12. ноември со златни букви ќе биде испишан во македонската фудбалска историја. На денешен ден пред две години со победата во Тбилиси, Македонија за првпат, и засега единствен, обезбеди учество на Европско првенство.
Генерацијата предводена од најдобриот македонски фудбалер на сите времиња Горан Пандев, оствари победа во баражот против Грузија од 0-1, и обезбеди пласман на Европското првенство кое поради пандемијата се одржа во 2021 година во 12 градови во Европа.
Тоа е засега и најголемиот успех на македонската репрезентација, а оваа година за малку Македонија не успеа да обезбеди и пласман на Мундијалот. Беше поразена од Португалија во финалниот бараж за пласман на Светското првенство во Катар.
Да се потсетиме низ видео како беше пред две години во Тбилиси:
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА