Македонската репрезентација најверојатно ќе остане и без услугите на Висар Муслиу за натпреварите со Финска и со Азербејџан. Стоперот на националниот тим и член на Инголштад заработи повреда на натпреварот со Дуизбург, и го напушти уште во 20. минута.
Со тоа проблемите на Милевски и натаму се зголемуваат, откако претходно поради повреди откажаа Александар Трајковски и Милан Ристовски, па на нивно место беа повикани Мартин Мирчевски и Дориан Бабунски.
Останува да се види за каква повреда станува збор, и дали Милевски ќе треба да повикува дополнителен фудбалер на местото на Муслиу.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА