Гостивар триумфираше со 1-2 на гостувањето против Охрид во 12. коло од Втората македонска фудбалска лига.
Натпреварот заврши и со немили сцени на крајот од дуелот по впуштањето во вербален и физички судир меѓу играчите на двата тима.
А, претходно во израмнет натпревар Гостивар до победата дојде со головите на Каланоски и Велинов.
Денеска се одигра и натпреварот меѓу Арсими и Воска спорт, на кој гостите од Охрид дојдоа исто така до триумф од 1-2.
Крадењето авторски текстови е казниво со закон. Преземањето на авторски содржини (текстови и фотографии), како и нивно линкување НЕ е дозволено без согласност од Редакцијата на ЕКИПА