ЕЛМАААААС! Македонецот со гол и асистенција го носи Наполи кон победа (ВИДЕО)

Елиф Елмас одново постигна гол во Серија „А“. Денеска Македонецот стрелаше против Удинезе и го постигна третиот гол за 3-0 водство на неговиот тим. Откако прими една топка во трк, влезе во шеснаесетникот и мина еден играч, со што стрелаше во мрежата на гостите. Инаку Елмас покрај голот запиша и асистенција, откако му асистираше на Осимен за првиот гол.

Ова ќе биде нова победа за Наполи, со која ќе се зацврсти на првото место на табелата. За Елмас ова беше третиот гол во сезоната.

Се вчитува...