Стрела Елмас, стрела и Несторовски – убав гол на напаѓачот, но Удинезе не дојде до бод (ВИДЕО)

На голот на Елиф Елмас на дуелот Наполи – Удинезе, со гол врати и Илија Несторовски. Македонецот како „џокер“ влезе од клупата и успеа со погодок да намали на 3-1, а брзо потоа тимот од Удине стигна и до 3-2 и неизвесен финиш.

Несторовски убаво ја зафати топката и со волеј ја смести во долниот десен агол од голот на Наполи. Тој погоди во миговите кога го прави својот „кам-бек“ во репрезентацијата после пауза.

Наполи до крајот успеа да ја задржи предноста и на крајот да слави. Елмас покрај третиот гол, асистираше и за првиот погодок на Наполи на Осимен.

Се вчитува...