Нестор и Елмас со заеднички поздрав за македонските фанови пред репрезентативниот собир (ФОТО)

Македонските репрезентативци Елиф Елмас и Илија Несторовски испратија заеднички поздрав до македонските фанови по пресметката на Наполи и Удинезе во Серија А.

Наполи триумфираше со 3-2 во мечот во кој Елмас стрелаше и беше асистент, еден од најзаслужните за победата на „наполитанците“, а Несторовски во самиот финиш го постигна и својот прв гол сезонава во дресот на Удинезе.

На крајот со заедничка фотографија поздрав и пред доаѓањето на репрезентативниот собир во понеделник за пријателските натпревари со Финска и со Азербејџан.

 

Се вчитува...